logo
logo
logo

Нетанјаху: Уапсени 18 лица под сомнение дека ги предизвикале пожарите кај Ерусалим

Vecer | 01.05.2025

Нетанјаху: Уапсени 18 лица под сомнение дека ги предизвикале  пожарите кај Ерусалим

Зборувајќи во Ерусалим, Нетанјаху рече дека еден од осомничените е фатен за време на подметнување на пожарот, објави „Тајмс оф Израел“. 

Противпожарната и спасувачка служба досега објави дека причината за големите пожари сè уште не е јасна. 

Нетанјаху рече дека пожарот „не е едноставна работа, има штета врз природата, а исто така и врз луѓето, а во овој момент се приведени 18 лица кои се осомничени за предизвикување пожар, од кои едно е фатено на дело“. 

Премиерот рече дека е сигурен дека Израел ќе успее да го надмине овој предизвик. 

„Правиме сè што можеме за да го локализираме пожарот и да го обновиме она што беше уништено“, рече Нетанјаху. 

Пожарите во близина на Ерусалим уништија површина од 5.000 хектари, вклучувајќи околу 3.000 хектари шуми, соопшти денеска израелската невладина организација за заштита на природата „Керен Кајемет Л'Јисраел“ (ККЛ). 

Организацијата соопшти дека меѓу областите уништени од пожарот, најтешко е погоден големиот канадски парк во близина на Беит Шемеш. 

Пожарникарските екипи продолжуваат да работат во шест големи области каде што беснеат пожари во близина на Ерусалим, соопшти Противпожарната и спасувачка служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk