logo
logo
logo

Нигериската армија спаси 13 заложници

Vecer | 15.09.2024

Нигериската армија спаси 13 заложници

Како што соопшти армијата, во акцијата убиени се неколку киднапери, а други се уапсени. Исто така е запленето оружје, муниција и пари. Но, не е наведено на која група припаѓале киднаперите.

Киднапирањата се честа појава во северна Нигерија, каде што десетици вооружени групи го користат ограниченото присуство на безбедносните сили за да извршат напади во селата и покрај главните патишта. Повеќето жртви се ослободуваат само откако ќе платат откуп, кој понекогаш достигнува и илјадници долари.

Најмалку 1.400 ученици се земени од нигериските училишта откако милитантите од Боко Харам киднапираа 276 ученички во селото Чибок во државата Борно во 2014 година.

Боко Харам е нигериска џихадистичка група која го почна својот бунт во 2009 година за да воспостави исламски шеријатски закон во земјата. Најмалку 35.000 луѓе се убиени, а 2,1 милиони раселени како резултат на екстремистичкото насилство. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk