Кремљ воздржан на повиците да го прифати прекинот на огнот, кој синоќа беше договорен по маратонски разговори меѓу американската и украинската делегација во Џеда. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вели деновиве имаат закажани контакти со американската страна, од каде може да произлезе и договор за телефонски разговор меѓу Трамп и Путин. Иако контурите на евентуалното примирје се уште се во зародиш, министерот за надворешни Сергеј Лавров ги исцрта клучните црвени линии дека мировни сили Во Украина составени од земји членки на НАТО се неприфатливи за Русија.
-Тие постојано велат дека нема да зборуваат за Украина без Украина, но прават се против Русија без Русија. Tие сакаат сили составени од земји кои не прогласија нас за непријатели и би дошле како мировници? , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Вчера постигнатиот одговор предвидува 30-дневен целосен прекин на огнот, со можност да биде продолжен, а во меѓувреме да се работи на конечен мировен договор. На маса биле и територијални отстапки, но детали не се откриваат. Прифаќањето на американскиот предлог од страна на Украина експресно го доби првиот позитивен епилог. САД ја возобновија американската воена помош, која беше прекината пред 10-ина дена. Вашингтон најави дека уште денеска ќе разговараат со руската страна.
-Ако можеме да ја натераме Русија да го направи тоа, тоа ќе биде одлично. Ако не можеме, само ќе продолжима, и многу луѓе ќе бидат убиени. Ќе го поканите ли Зеленски во Белата куќа? – Секако, апсолутно. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
-Соединетите Американски Држави мора да ја убедат Русија да го прифати тоа. Ние се согласуваме и доколку Русите се согласат, во истиот момент ќе завладее молкот. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Вчерашниот предлог за прекин на огнот беше поздравен од повеќе европски челници, кои оценија дека се работи за важен и правилен чекор кон мир и дека сега на потег е Русија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата