logo
logo
logo

ОН загрижени поради условите во кои биле држени израелските заложници

Vecer | 10.02.2025

ОН загрижени поради условите во кои биле држени израелските заложници

Советот за човекови права при ОН ги нарече „загрижувачки“ фотографиите на исцрпените израелски заложници и палестински затвореници ослободени во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа, оценувајќи дека тие сведочат за тешките услови во кои биле држени.

Изморените и бледи лица на ослободените лица привлекоа внимание по нивното ослободување изминатиот викенд, а американскиот претседател Доналд Трамп ги спореди заложниците држени од палестинското движење Хамас со преживеаните од Холокаустот.

- Фотографиите од израелските заложници ослободени викендов покажуваат знаци на малтретирање и сериозна неухранетост, што укажува на многу тешки услови во кои биле задржани во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за човекови права на ОН.

Советот, исто така, изрази загриженост поради „јавното изложување на ослободените заложници од Хамас“, како и изјавите што, според нив, биле дадени под притисок за време на нивното ослободување. Портпаролот нагласи дека и состојбата на палестинските затвореници ослободени од израелските затвори укажува на „сериозни проблеми“ со условите во кои биле држени. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk