logo
logo
logo

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп

Vecer | 13.01.2025

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп

Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека се уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа.

-Ваквите контакти се многу неопходни и препорачливи, нагласи Песков, пренесоа руските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk