logo
logo
logo

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Vecer | 16.06.2024

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

-Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.

Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот - повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.

-Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.

Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk