logo
logo
logo

Писториус: Поддршката на САД за Украина е клучна за безбедноста на Европа

Vecer | 29.04.2025

Писториус: Поддршката на САД за Украина е клучна за безбедноста на Европа

Во интервју за телевизијата РТЛ, Писториус рече дека европската безбедност отсекогаш била приоритет за САД по Втората светска војна и изрази уверување дека тоа ќе остане така и во иднина.

Во однос на загриженоста дека САД може да ја намалат воената и финансиската поддршка за Украина, тој рече: – Ќе направиме сѐ што можеме да го компензирање тоа, но прво ќе водиме кампања за САД да останат вклучени.

Писториус, кој е од редовите на социјалдемократите, со скепса гледа и на најавата на рускиот претседател Владимир Путин за еднострано примирје од 8 до 10 мај, по повод 80-годишнината од победата над Третиот рајх.

– Искуството покажува дека ваквите најави често остануваат само на хартија. Велигденското примирје што го најави Путин не беше испочитувано. Сега најавува ново. Ќе видиме дали ќе се одржи, особено кога станува збор за нападите врз инфраструктурата и цивилите во урбаните подрачја, рече Писториус./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk