logo
logo
logo

Поради политиката на Трамп, НРЦ ќе ја прекине работата во речиси 20 држави

Vecer | 10.02.2025

Поради политиката на Трамп, НРЦ ќе ја прекине работата во речиси 20 држави

Никогаш во нашата 79-годишна историја не сме доживеале толку ненадеен прекин на помошта од која било од нашите многубројни нации донатори, меѓувладини организации или приватни донаторски агенции, се наведува во соопштението на НРЦ.

Норвешкиот совет за бегалци предупредува дека последиците од прекинот на американската помош ќе станат сè посериозни за луѓето кои се соочуваат со кризи ширум светот. НРЦ во Украина веќе мораше да ја запре закажаната февруарска дистрибуција на итна помош за 57.000 луѓе долж линијата на фронтот и мораше да го отпушти персоналот ширум светот.

НРЦ во 2024 година добила околу 20 проценти од помош од САД или околу 150 милиони долари, со кои им помагала на приближно 1,6 милиони луѓе ширум светот.

Администрацијата на Трамп минатата недела соопшти дека ќе ги испрати на одмор сите директно вработени работници на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот и ќе повлече илјадници работници од странство./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk