Се известува дека пожарникарите не успеале да стигнат до пламенот. Првичните извештаи тврдеа дека пожарот избувнал во окното на лифтот помеѓу вториот и првиот кат на кулата.
Француските медиуми јавуваат дека туристичката атракција ќе биде затворена додека не се изгасне пожарот. Службите за итна помош се на терен, а луѓето се евакуираат.
Француските медиуми јавуваат дека околу 1.200 луѓе се евакуирани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата