Катар беше клучен посредник во преговорите меѓу Хамас и Израел.Тој најави дека е постигнат договор меѓу сите страни, објави Скај Њуз.
Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари. Точниот тајминг допрва треба да се одреди, вели тој.
Тој вели дека првата фаза од договорот ќе трае 42 дена и ќе вклучува прекин на огнот и повлекување на израелските сили на исток, подалеку од населените области.
„Израелските сили потоа ќе бидат позиционирани долж границата со Газа што ќе овозможи размена на затвореници, како и размена на останките и враќање на раселените луѓе во нивните домови“, додава тој.
Тој понатаму вели дека ќе има зголемен проток на хуманитарна помош во сите делови на Газа и „рехабилитација на болници, здравствени центри и пекари“.
Тој вели дека 33 израелски заробеници ќе бидат ослободени од Хамас во првата фаза во замена за „голем број затвореници кои се чуваат во израелските затвори“.
Во однос на втората и третата фаза, тој вели дека деталите ќе бидат финализирани откако првата фаза ќе биде успешно имплементирана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата