Двете страни сега договарија и телефонски разговор меѓу Трамп и Путин, кој би се случил откако посебниот американски пратеник Стив Виткоф ќе ги пренесе информациите добиени по средбата со рускиот претседател. Виткоф и Путин се сретнале доцна синоќа, а иако нема детали за што се разговарале, сепак како што откри портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кај руските власти постои претпазлив оптимизам. Според него, има разбирање од двете страни дека потребни се директни разговори меѓу двајцата претседатели.
-Точното време на разговорите меѓу двајцата претседатели не е договорено. Но, откако господинот Виткоф ќе ги претстави сите информации добиени од Москва до неговата влада, потоа ќе го одредиме временскиот рок за спроведување на разговор. Има разбирање кај двете страни дека таков разговор (меѓу Трамп и Путин) е потребен-- Дмири Песков – Портпарол на Кремљ.
Путин вчера соопшти дека го поддржува 30 дневното примирје кое во Саудиска Арабија го договорија претставниците на Вашингтон и Киев, но дека има и предуслови, особено во делот за Курск, како и за мировниците кои би требало да го следат примирјето. Американскиот претседател Трамп пак, со доза на оптимизам. Очекува Русија да го прифати договорот, во спротивно тоа би биле како што кажа, лоши вести за светот.
-Каков е планот ако Путин не се согласи на примирје? /Лоши вести за овој свет, бидејќи многу луѓе умираат, но мислам дека ќе се согласи. Мислам дека го знам доста добро и мислам дека ќе се согласи,- - Доналд Трамп – Претседател на САД.
Договорот постигнат во Џеда покрај 30 дневниот целосен прекин на огнот, предвидува и можност за негово продолжување додека се работи на конечно мировно решение. Посебниот американски претставник Мајк Валц кој беше дел од разговорите во Саудиска Арабија, за прв пат откри дека на маса со Украинците биле и териотријални отстапки.
-Тие (Украинската делегација) беа многу отворени, имавме многу добри разговори. Во еден момент дури отворивме и мапа и почнавме да цртаме на неа за како да ја завршиме војната. / Би претпоставил дека Украина нема да стане дел до НАТО и би претпоставил дека делови, можеби Донбас или делови кои се многу населени со луѓе од Русија, се тоа ќе оди кај Путин во некакво преговарачко решение? Дали сум грешка во моето размислување тука? / Шон, нема изненадување дека не си грешка во ништо од тоа,- - Мајк Валц – Посебен претставник на Доналд Трамп и Шон Ханити – Новинар.
Украинскиот претседател Зеленски пак, соопшти дека нема намера никогаш да ги признае окупираните делови од Русија. Според него, иако САД и Украина се согласиле на 30-дневно примирје, официјална Москва намерно ја одолговлекува одлуката бидејќи не сака да му соопшти на Трамп дека сака да ја продолжи војната. Токму затоа како што кажа, Путин ја разгледува идејата за прекин на огнот со предуслови кои нема да бидат прифатливи за никого.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата