Антивоената група „Еврејски глас за мир“ соопшти дека се приведени околу 90 лица. Исто така, уапсена е и дојавувачката Челси Менинг, поранешен американски воен офицер и извор на Викиликс.
Полициската управа на Њујорк (NYPD) потврди дека се извршени „повеќекратни“ апсења, но не го прецизираше точниот број.
Демонстрантите извикуваа слогани како „запрете ги бомбите“, „запрете ги убиствата“ и „слободна Палестина“, спротивставувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, израелските напади во Либан и офанзивата во Газа.
Администрацијата на Трамп во справувањето со протестите
Владата на претседателот Доналд Трамп почна да се справува со протестите против Израел со обид за депортирање на странски студенти, заканувајќи се дека ќе ги замрзне средствата за универзитетите каде што се одржаа протестите и наредувајќи проверка на онлајн коментарите од имигрантите, пишува Ројтерс.
Њујорк беше центар на пропалестинските протести и во текот на 2024 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата