logo
logo
logo

Рајанер ги повикува европските власти да забранат продажба на алкохолни пијалоци на аеродромите

Vecer | 14.01.2025

Рајанер ги повикува европските власти да забранат продажба на алкохолни пијалоци на аеродромите

„Време е властите на ЕУ да преземат акција за ограничување на продажбата на алкохол на аеродромите“, се наведува во соопштението на „Рајанер“.

Компанијата соопшти дека не разбира зошто патниците на аеродромот не се ограничени на два алкохолни пијалоци со картата за патување, на ист начин како што е ограничена продажбата без царина, бидејќи тоа ќе резултира со побезбедно и подобро нивно однесување во авионот.

„Рајанер“ соопшти дека тие и другите авиокомпании веќе ја ограничуваат продажбата на алкохол за време на летот, но додаде дека патниците, сепак, можат да консумираат повеќе алкохол на аеродромите пред да се качат, особено за време на доцнење на летовите, без ограничувања.

Авиокомпанијата поднесе тужба против патник за кој тврди дека предизвикал скапо пренасочување на летот минатата година и бара повеќе од 15.000 евра отштета за инцидентот што се случи во април 2024 година.

„Рајанер“ вели дека „неоправданото однесување“ на патниците на летот од Даблин до Ланзароте на шпанските Канарски острови толку го попречило персоналот што ги принудило пилотите да го пренасочат авионот во Порто, Португалија, од безбедносни причини, каде што екипажот и 160 патници биле задржани во текот на ноќта./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk