logo
logo
logo

Рбјаков: Русија не гледа основи за разговори со САД за контрола на вооружувањето

Vecer | 09.11.2024

Рбјаков: Русија не гледа основи за разговори со САД за контрола на вооружувањето

Руското Министерство за надворешни работи во овој момент не гледа основа за разговори за продолжување на дијалогот со САД за стратешка стабилност и контрола на вооружувањето, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рбјаков.

Според Рјабков, Москва и Вашингтон „разменуваат сигнали за Украина“ преку затворени канали на воено и политичко ниво, пренесоа руските меидуми.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги слушне предлозите на новиот американски претседател Доналд Трамп за решението на кризата во Украина, но посочи дека едноставно решение нема.

-Ние сме исклучително темелни, одговорни и внимателни кон сите идеи што ќе ги предлат земјите во оваа област, ​​рече Рјабков.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот му честиташе на Трамп за победата на американските избори, пофалувајќи го за неговата храброст откако вооружен маж се обиде да го убие во јули и рече дека Москва е подготвена за дијалог со него. Путин додаде дека изјавите на Трамп за обидите да се стави крај на војната се вредни за внимание.

Трамп за Ен-Би-Си изјави дека по изборната победа не разговарал со Путин, но дека „мисли дека ќе разговара“.

Рјабков рече дека прекин на дипломатските односи со САД се уште е можен доколку се запленат руските замрзнати средства или доколку Вашингтон ги ескалира тензиите околу Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk