Изворот рекол дека Русија побарала консултации во врска со последните настани во Сирија и нивните последици за мисијата на ОН во таа земја - УНДОФ, чија улога е да ги раздвојува сириските и израелските војници на Голанската висорамнина.
На консултациите треба да присуствуваат заменик-генералниот секретар на ОН, Розмари Ди Карло и заменик-генералниот секретар на Светската организација за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.
Заменик - постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански денеска изјави дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во Сирија и ќе ја разгледа во наредните денови.
„Она што се случува во Сирија покренува многу прашања за сите“, рече Пољански./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата