logo
logo
logo

Вечер Тема

Русија предлага финале? ПОЛСКА БИ ВЛЕГЛА ВО ЗАПАДНА УКРАИНА, следи крај на војната и распад на државата

Vecer | 21.07.2023

Русија предлага финале? ПОЛСКА БИ ВЛЕГЛА ВО ЗАПАДНА УКРАИНА, следи крај на војната и распад на државата

Рускиот претседал Владимир Путин денеска претседава со седницата на Советот за безбедност.

„Целиот свет гледа како гори фалената и беспрекорна западна технологија“, рече тој и додаде дека арсеналите на НАТО, како и залихите на советско оружје, во голема мера се уништени, додека производствените капацитети на Западот не дозволуваат да се надоместат загубите.

„Мобилизационите ресурси на Украина стануваат се послаби“, посочи тој.

На седницата зборуваше и директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин, кој изјави дека во врска со ситуацијата околу Украина, Полска се подготвува да воспостави контрола врз „западните територии“ со распоредување на својата војска таму.

За оваа тема, распоредување полска војска на западниот дел од Украина, практичво регионот Лавов кој Советскиот сојуз го анкетираше од Полска, се зборува во полската јавност веќе година дена наназад. Свои ставови и поддршка даваат полски експерти, вести на таа тема се емитуваат на полските медиуми, а се иницира Полска и Украина соработка со која статусот на полските и украинските граѓани - се израмнува до ниво на еднакви права и обврски во двете држави освен правото на политички функции и гласање на избори.

Но, кај дел од полската јавност постои и отпор кон овие идеи, пред се заради опасноста со ваква анексија да се нарушат ставовите и статусот на Полска во НАТО и ЕУ кои, засега, де даваат поддршка на ваквите иницијативи. Националистите во Полска, пак, бараат претходно јавно извинување од Украина заради масакрите кои украинските профашистички сили ги правеле во Полска за време на Втората светска војна под водство на Бандера, кој сега украинската војска го слави како национален херој.

Јули 2022 година  Полското Министерство за надворешни работи интервенираше откако украинскиот амбасадор во Германија негираше дека украинскиот националистички лидер Степан Бандера е одговорен за масовното убиство на етничките Полјаци и Евреи, а исто така се обиде да ја оправда неговата соработка со нацистичка Германија.

Оваа епизода ги обнови тензиите околу она што долго време беше чувствително прашање во полско-украинските односи. Како одговор, украинското Министерство за надворешни работи се огради од зборовите на амбасадорот, Андриј Мелник, велејќи дека тие се само негово „сопствено мислење“.

Проблем е и тоа што е Полска членка на НАТО, и за ангажман на полската војска во Украина потребна е консултација со НАТО Алијансата, особено околу членот 5 на НАТО кој вели дека секој напад на членка на НАТО се смета за напад на целата НАТО алијанса и НАТО е должен да реагира, но не е наведено за случаи каде судирот би се случувал надвор од територијата на НАТО.

Во март 2022 година, голем број извори тврдеа дека Полска сака да го вклучи НАТО во руско-украинскиот конфликт, а потоа, користејќи ја ситуацијата, да ја анектира Западна Украина. Ова тврдење беше проследено со иницијативата на полскиот вицепремиер Јарослав Качињски, која подразбира воведување на мировна мисија на НАТО на територијата на Украина.

Иницијативата ја најави полскиот вицепремиер Јарослав Качински во Киев на 16 март, но членките на НАТО не ја поддржаа на вонредниот состанок на Алијансата одржан на 24 март.

Иницијативата на Качински набрзо беше проследена со толкувања. На 16 март, еден од советниците на Качински објасни дека иницијативата не значи воена интервенција на НАТО во Украина.

„Позицијата останува непроменета. Ниту Полска, ниту НАТО не планираат да учествуваат во светот“. Ова го изјави Михал Дворчик за полското радио.

На 17 март, на веб-страницата на полската влада беше објавено соопштение, во кое се наведува дека информациите дека Полска наводно има претензии за западна Украина е дел од дезинформативната пропаганда на Кремљ.

Но, според она што се гледа во руската јавност, нема видлив отпор Полска да изврши анексија на западниот дел од Украина. Руски експерти во јавноста истакнуваат дека ваквата разврска и финале на украинската војна е поволно за Русија, затоа што на тој начин би дошло до распад на власта и на украинската држава, а Русија би можела дополнително да ги анектира регионите на Харков, Днепар и Одеса во кои мнозинството граѓани се од руско говорно подрачје.

Мапа: Етничка и јазична структура на Украина, извор GlobalSecurity.org - Reliable Security Information

Карнеги Инститот за мир уште на 17 декември 2002 година пишуваше на оваа тема:

“Поранешниот полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за Политико во октомври 2014 година и во неговата книга од 2018 година рече дека Путин уште во 2008-2009 година на состаноците со тогашниот премиер Доналд Туск ја навестил идејата за заедничка поделба на Украина. Сепак, ниту самиот Туск ниту белешките во кои се сумираат дискусиите не го потврдија тоа. Најмногу, може да се претпостави дека во разговорите со Туск за Втората светска војна, Путин ја признал „полската“ територии кои по 1939 година завршиле како дел од Украинската Советска Социјалистичка Република.

Сепак, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, рускиот дискурс за наводната желба на Полска да анектира делови од Украина еволуираше од претпоставки на контроверзните политичари до директни изјави на највисоките функционери. Се чини дека катализаторот за оваа промена беше тврдењето од март 2022 година на Јарослав Качињски, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, дека мировната мисија на НАТО или ОН би можела да ги запре непријателствата.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk