logo
logo
logo

Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа

Vecer | 13.01.2025

Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа

„Иднината на европската и глобалната безбедност зависи од исходот на војната во Украина. Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, пред сe, сакаме мирот да трае. Не знам како или кога ќе заврши војната, но знам дека мирот нема да потрае ако Путин се снајде во Украина, бидејќи тогаш тој ќе продолжи напред“, рече Руте.

Руте ги повика европратениците да го поддржат неопходното зголемување на буџетите за одбрана на земјите од ЕУ бидејќи целта за трошоци за одбрана еднаква на два отсто од БДП, донесена пред повеќе од 10 години, е веќе недоволна. Според него, потребно е значително зголемување.

Генералниот секретар додаде дека тие дополнителни средства може да се обезбедат преку нови даноци, но и со преиспитување на некои буџетски расходи, вклучително и во социјалната сфера.

Според него, денес е време земјите од ЕУ да ги зголемат своите напори, вклучително и во областа на военото производство, бидејќи за пет години условите може дополнително да се влошат. 

„Треба да ја зајакнеме отпорноста на нашите општества и критичната инфраструктура. И ние треба да ја одржиме и засилиме нашата поддршка за Украина за да ја смени траекторијата на војната и да ја одврати натамошната руска агресија во иднина. На сето ова, одбраната, отпорноста, Украина, НАТО и ЕУ мора да работат рака под рака“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk