Портпаролот на ЕК изјави дека Лајен веќе јасно ги изразила очекувањата на Комисијата и на ЕУ од мировните преговори во Украина.
- Нема да разговараме детално во овој клучен час за преговорите. Засега нема да кажеме повеќе, патувањето е во согласност по претходно поставените цели, наведе портпаролот на ЕК.
Во соопштението на НАТО за учеството на Руте се посочува дека домаќин на состанокот ќе биде германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Исто така е наведено дека Руте по средбата нема да даде изјава.
Во Берлин денеска продолжуваат преговорите за постигнување на мировен договор. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера во Берлин имаше петчасовен разговор со американскиот специјален претставник Стив Виткоф, кој изјави дека е постигнат „голем напредок“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата