logo
logo
logo

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО

Vecer | 18.04.2026

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО

Тој, исто така, рече дека нуклеарната заштита на Европа од страна на САД не е доведена во прашање, опишувајќи го американскиот нуклеарен чадор како крајна гаранција за безбедноста во Европа и велејќи дека верува оти тоа ќе остане така.

Во последните недели, коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп ги поттикнаа стравувањата дека САД би можеле да го напуштат алијансата, потсетува германската агенција.

Трамп ја критикуваше, според него, недоволната поддршка од партнерите на НАТО за војната против Иран.

Американскиот Сенат ќе мора да одобри повлекување од НАТО со двотретинско мнозинство, што се смета за многу малку веројатно.

Руте се сретна со Трамп во Белата куќа минатата недела и потоа рече дека Трамп бил „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, потсетува ДПА.

Точките на спорот вклучуваа користење на воени бази и мисија за обезбедување на Ормуската Теснина. Трамп постојано ги издвојуваше Шпанија, Франција и Обединетото Кралство.

Руте изјави за „Ди Велт“ дека ја разбира фрустрацијата на Трамп. Тој ја повика Европа да ја зајакне својата одбранбена индустрија, опишувајќи го ова како клучно за одджување на одвраќањето и одбраната, пренесе ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk