logo
logo
logo

Руте: Путин греши доколку мисли дека ќе се умориме од давање поддршка за Украина

Vecer | 18.10.2024

Руте: Путин греши доколку мисли дека ќе се умориме од давање поддршка за Украина

„Рускиот претседател Владимир Путин би бил погрешно советуван ако мисли дека ќе се откажеме од помагањето на Украина, ќе продолжиме да го правиме тоа сѐ додека е потребно“, рече Руте на прес-конференцијата по дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО.

Во рамки на тој состанок синоќа се одржа состанок на Советот НАТО-Украина на кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави својот победнички план за завршување на војната.

Првата точка од тој план е поканата за членство на Украина во НАТО. На прашањето кога Украина може да смета на покана, Руте избегна одговор и посочи дека Украина дефинитивно ќе биде членка еден ден, прашање е само кога тоа ќе се случи.

„Но, тоа не беше главниот фокус на синоќешната дискусија, главната тема беше како да се осигураме дека никој во Москва не мисли дека ќе забавиме во помагањето на Украина, туку дека сакаме да го зголемиме нашето индустриско производство, да ѝ помогнеме на украинската одбранбена индустрија“, рече генералниот секретар.

Руте предупреди дека Русија останува голема безбедносна закана за сојузниците и дека НАТО ќе продолжи да ја модернизира својата способност и да спроведува заеднички вежби за да се осигура дека нејзините конвенционални и нуклеарни капацитети ќе останат силни.

Тој посочи дека Путин сѐ повеќе прибегнува кон неодговорна реторика, велејќи дека „Москва може да биде гласна, но НАТО е силен“. Руте рече дека во овој момент не може да ја потврди информацијата дека севернокорејски војници биле испратени да им помогнат на руските сили во Украина.

„Во овој момент нашиот официјален став е дека не можеме да потврдиме дека Севернокорејците се активно ангажирани како војници во воените напори, што секако е предмет на промена“, рече Руте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk