logo
logo
logo

САД најавија потпишување договор со Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна технологија

Vecer | 13.04.2025

САД најавија потпишување договор со Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна технологија

Рајт, кој претходно денеска се состана со саудискиот министер за енергија, принцот Абдулазиз бин Салман, рече дека Ријад и Вашингтон се на пат да постигнат договор за соработка за развој на цивилната нуклеарна програма на Саудиска Арабија, пренесува Џерусалем Пост.

Рајт рече дека дополнителните детали за меморандумот во кој се наведува енергетската соработка меѓу Ријад и Вашингтон ќе бидат објавени подоцна оваа година.

„Дефинитивно ќе има потпишан договор за американско партнерство и учество во нуклеарната индустрија овде во Саудиска Арабија. Постојат многу начини да се структурира договор што ќе овозможи постигнување на целите на двете страни“, рече тој.

Таканаречениот договор 123 со Ријад е именуван по делот 123 од Законот за атомска енергија на САД од 1954 година, кој воспоставува рамка за соработка меѓу американската влада и американските компании во развојот на цивилната нуклеарна индустрија.

„Саудиските власти не се согласија со условите наметнати со овој американски закон“, рече Рајт, објаснувајќи дека членот 123 од овој закон дефинира девет критериуми за неширење што секоја земја-партнер мора да ги исполни за да спречи нуклеарната технологија да се користи за развој на атомско оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk