Американската администрација повторно ја стартува испораката на оружје за Украина, откако неодамна беше наредена пауза во дел од пратките поради загриженост за резервите во сопствените магацини. Официјални претставници од Белата куќа информираат дека најновата пратка содржи 155-милиметарска артилериска муниција и прецизно наведувани ракети.
Прекинот на испораките уследи по одлука на секретарот за одбрана, Пит Хегсет, кој укажал на намалени резерви. Наводно, претседателот Трамп не бил претходно информиран за оваа мерка. Засега не е познато што ќе се случи со ракетите „Патриот“, чија вредност изнесува околу четири милиони долари.
Во понеделникот, Трамп истакна дека САД ќе ја продолжат поддршката во одбранбено оружје на Украина, но не одговори јасно кој ја донел одлуката за привремениот прекин на испораките.
Од почетокот на конфликтот, САД и обезбедија на Украина воена помош со вредност поголема од 67 милијарди долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата