Како што е наведено, одобрението вклучува барање од германската влада и е дел од политиката за зајакнување на капацитетите на сојузниците на НАТО, објави германскиот „Шпигел“.
Продажбата сепак мора да се проследи до американскиот Конгрес, кој може да има забелешки.
Планираниот пакет оружје вклучува осум интегрирани системи за управување со борба, модерни радарски системи и ракетни лансери, наменети за зајакнување на поморските капацитети и подобра интеграција со силите на НАТО.
Целта на договорот, според соопштението, е подобрување на националната и колективната одбрана на Германија, како и зајакнување на соработката со силите на САД и НАТО.
Главни изведувачи во договорот би биле американските одбранбени компании „Локид Мартин“ и „РТК Корпорејшн“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата