logo
logo
logo

САД планираат да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина

Vecer | 31.08.2024

САД планираат да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина

Остин рече дека САД планираат натамошно зајакнување на противвоздушната одбрана на земјата и за тоа ќе се разговара на состанокот на Контакт групата за Украина следната недела во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

- САД и нивните сојузници ќе продолжат да ја обезбедуваат клучната опрема што Киев треба да ја одбрани од тековната руска инвазија, која започна во февруари 2022 година, рече Остин.

Умеров им се заблагодари на САД и на сојузниците за поддршката и рече дека ќе го информира Остин за ситуацијата на бојното поле и тековните потреби на украинската војска.

Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на украински функционер, дека Киев исто така планира на американската влада да и претстави список на потенцијални цели во Русија.

Досега, САД ја ограничуваа употребата на своето оружје само за одбивање на руската офанзива на територијата на Украина./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk