logo
logo
logo

Саливен: САД ќе инсистираат на прекин на огнот и во Појасот Газа

Vecer | 27.11.2024

Саливен: САД ќе инсистираат на прекин на огнот и во Појасот Газа

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД ќе продолжат со притисокот за прекин на огнот во Појасот Газа, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека е постигнат предложениот сличен договор од Вашингтон меѓу Израел и движењето Хезболах , пренесоа британските медиуми.

-Претседателот Бајден има намера да ја започне таа работа денес со давање инструкции на своите пратеници да се ангажираат со Турција, Катар, Египет и другите играчи во регионот, рече Саливан денеска во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си (MSNBC).

Бајден вчера најави дека САД заедно со другите земји ќе се залагаат за договор за прекин на огнот и во Појасот Газа./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk