logo
logo
logo

Се огласи Нетанјаху по ликвидацијата на лидерот на Хамас: Победи доброто над злото

Vecer | 17.10.2024

Се огласи Нетанјаху по ликвидацијата на лидерот на Хамас: Победи доброто над злото

Во изјавата по потврдената смрт на Јахја Синвар, израелскиот премиер рече дека Израел го направил „тоа што ветивме дека ќе го направиме“ со убиството на лидерот на Хамас.

„Денес злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој.

Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, Нетанјаху рече дека тоа е „важен момент во војната“.

„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето дома на сите ваши најблиски, кои се наши сакани“, рече тој, нарекувајќи го тоа своја „најголема посветеност“.

Тој исто така имаше порака до жителите на Газа, велејќи: „Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но всушност се криеше во мрачно дувло – и беше убиен кога панично бегаше од нашите војници“.

Тој ја нарече смртта на Синвар „важна одредница во падот на злобното владеење на Хамас“.

Израелскиот премиер вети дека Хамас „повеќе нема да владее со Газа“, а убиството на Синвар е „почеток на крајот на Хамас“.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека преостанатите лидери на Хамас ќе бидат „елиминирани“.

Нетанјаху рече дека светлината преовладува над темнината во Газа, Бејрут и на целиот Блиски Исток. Тој рече дека регионот сега има можност да ја запре „оската на злото“ и да создаде „иднина на мир“ и „просперитет“.

„Денеска повторно разјаснивме што се случува со оние кои нè повредија. Денеска уште еднаш му ја покажавме на светот победата на доброто над злото“, рече израелскиот лидер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk