Трамп претходно посредуваше во постигнувањето мировен договор меѓу двете земји, но кревките односи неодамна повторно се влошија, со нова ескалација во која загинаа десетици луѓе и беа повредени од двете страни.
„Утрово имав многу добар разговор со премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракула, и премиерот на Камбоџа, Хун Сен, во врска со многу несреќното продолжување на нивната долготрајна војна. Тие се согласија да ги прекинат сите непријателства почнувајќи од вечерва и да се вратат на оригиналниот мировен договор што го постигнавме јас, тие и, со помош на големиот премиер на Малезија, Анвар Ибрахим.“
„Бомбата покрај патот што првично уби и рани голем број тајландски војници беше несреќа, но Тајланд сепак одговори многу силно. Двете земји се подготвени за мир и за континуирана трговија со Соединетите Американски Држави.“
„Чест ми е да соработувам со Анутин и Хун за решавање на ситуација што можеше да ескалира во голема војна меѓу две инаку прекрасни и просперитетни земји! Исто така, сакам да му се заблагодарам на премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, за неговата помош по ова многу важно прашање“, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата