logo
logo
logo

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер

Vecer | 15.01.2025

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер

Маск, кој е исто така извршен директор на Teсла и СпејсЕкс, плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа што подоцна ја преименува во „Икс“. Според СЕК, пред преземањето, тој го окрупнал својот удел во кпманијата до пет отсто и бил обврзен да објави за тоа, но тоа не го направил.

Според тужбата, Маск ја прикрил таа материјална информација, „овозможувајќи му да плати за акциите најмалку 150 милиони долари помалку отколку ако ги купил по поднесувањето на извештајот за финансиска корист.“

СЕК истражува дали Маск или некој друг што работел со него во 2022 година извршил измама со хартии од вредност, додека извршниот директор на Teсла продавал акции од својата автомобилска компанија и го окрупнувал својот удел во Твитер пред неговата откупна зделка со заем.

Маск во објава на „Икс“ минатиот месец рече дека СЕК издала „побарување за порамнување,“ вршејќи притисок да се согласи со договор кој вклучува казна во рок од 48 часа или да се соочи со „обвинувања врз бројни основи“ во врска со купувањето на акциите.

Адвокатот на Маск, Алекс Спиро, во изјава истакна дека чекорот на СЕК е признавање дека тие „не можат да поднесат вистинска тужба.“ Тој додаде дека Маск „нема направено никакви грешки“ и ја нарече тужбата „измама“ и резултат на „повеќегодишна кампања на вознемирување,“ кулминирајќи со „еднократно смешно обвинување.“/МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk