logo
logo
logo

Шефот на ЦИА: Постоеше реален ризик дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје

Vecer | 07.09.2024

Шефот на ЦИА: Постоеше реален ризик дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје

Барнс рече дека ненадејното повлекување во североисточна Украина во тоа време ги поттикнало стравувањата дека Путин би можел да прибегне кон најекстремните мерки.

„Во есента 2022 година, постоеше реален ризик од можна употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Барнс, пренесува Телеграф.

„Претседателот ме испрати да разговарам со мојот руски колега за да разјасниме какви ќе бидат последиците од тој вид на ескалација. Ние продолживме да бидеме многу директни во тие разговори.

Не можевме да дозволиме да бидеме исплашени од такво штракање со оружје или закани. Но, моравме да бидеме свесни за можноста да се случи такво нешто“, објасни Барнс.

Во ноември 2022 година, Барнс се сретна со неговиот руски колега во Анкара, Турција. Белата куќа тогаш извести и за таа средба: „Барнс ќе пренесе порака за последиците од евентуалната руска употреба на нуклеарно оружје и ризиците од ескалација за стратешка стабилност“.

Телеграф потсетува дека во октомври 2022 година, стравувањата од можен руски напад се појавија откако министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Украина планира да употреби радиоактивна валкана бомба. Се сомневаше дека Русите би можеле да го изведат нападот и да го обвинат Киев.

Руските државни медиуми тогаш тврдеа дека Киев собирал нуклеарен материјал за валкана бомба или оружје од мали размери.

Велика Британија веднаш ги отфрли тврдењата, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е јасно дека Русија сама планира валкани бомбашки напади.

Ричард Мур, шефот на британското разузнавање (МИ6), рече: „Цело време само една страна зборува за нуклеарна ескалација, а тоа е Путин.

Ова е длабоко неодговорно и никој на Запад нема да биде заплашен од таквите закани или какво било друго однесување на руската држава. Путин е силеџија. Повремено ќе продолжи да штрака со оружјето, но се чини дека станал очаен.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk