Бил нормален ден за полицаецот од Мичиген, Брендан Фрејзиер, додека сино Камаро не поминало покрај него на автопатот.
Фрејзер ја вклучи сирената и почнал да го брка. Во еден момент Камарото застанало на страната на патот, а кога Фрејзер се приближил до автомобилот сфатил дека се води борба за живот или смрт.
Имено, во автомобилот биле родители и нивниот 18-месечен син кој се гушел.
- Помош, бебето ни умира, врескала мајката во возилото, а полицаецот неколку пати ја прашал што се случило. После тоа им го зел детето од раце и почнал да го оживува. Малото момче се гушело и било сино во лицето.
На шокантната снимка која ја објавија медиумите се гледа како мајката трча по полицаецот и се обидува да си го врати детето, но Фрејзер ја задржа присебноста и со едноставна операција му ги ослободи дишните патишта.
Во меѓувреме, полициски возила го опколиле автомобилот, а таткото шокиран седел среде пат и врескал.
- Господине, може ли да станете затоа што некој ќе ве прегази - ладно му вели Фрејзер додека го држи оживеаното мало момче во скутот.
Кога медиумите го прашале полицаецот што се случило, тој ладнокрвно одговорил дека, иако видеото изгледа драматично, тој не се испаничил туку се потпирал на она што го научил на тренинг, пренесува Дејли Меил.
- Не планирам да напишам казна за брзо возење, ова беше навистина итно - рече на крајот.