Сè повеќе млади луѓе во Европа се вклучени во тероризам и радикализација преку социјалните мрежи, покажува најновото истражување, а според податоците на Европол, во последните две години е забележан четирикратен пораст на бројот на напади и планирани напади,објави N L Times. .
Според податоците на Европол, во последните шест месеци, две третини од 61 уапсен осомничен за тероризам биле на возраст под 19 години.
Еден од најмладите осомничени за тероризам е 14-годишник.
Причината за оваа загрижувачка појава е Интернетот, каде децата можат слободно да пристапат до содржини кои повикуваат на насилство и напади, а државните обвинители и органите за заштита на децата веќе две години забележуваат зголемување на насилството меѓу младите.
Според податоците на холандското државно обвинителство, сѐ повеќе малолетници се осомничени за десетици случаи на сериозно насилство и тероризам во последните две години.
Холандскиот јавен обвинител Дориен Кардол изјави дека бројот на вакви случаи е алармантен.
Три концерти на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, кои беа планирани за почетокот на август, беа откажани поради терористичка закана.
Според австриските истраги, 19-годишникот наводно планирал да изврши терористички напад и бил припадник на Исламската држава (ИД).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата