logo
logo
logo

Шпанската влада и синдикатите постигнаа договор за скратување на работната недела на 37,5 часа

Vecer | 20.12.2024

Шпанската влада и синдикатите постигнаа договор за скратување на работната недела на 37,5 часа

Здружението на работодавачи не се согласува со оваа одредба и се повлече од повеќемесечните преговори во ноември, но Владата во Мадрид ќе може да ја спроведе оваа мерка и без нивна помош доколку обезбеди политичка поддршка во Парламентот, пренесува весникот „Паис“.

Како што е наведено, работниците можат да работат повеќе од максималните 37,5 часа неделно, а секој час над тоа ќе се смета за прекувремена работа.

Компаниите кои ги игнорираат овие правила може да платат казна до 10.000 евра по вработен.

Извршната власт, исто така, најави дека ќе има социјален дијалог со синдикатите и деловните здруженија за да ги оцени резултатите од намалувањето на работното време. Се претпоставува дека по сите политички процедури оваа одредба ќе стапи во сила во последната третина од 2025 година, додава шпанскиот весник./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk