logo
logo
logo

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф пристигна во Москва

Vecer | 13.03.2025

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф пристигна во Москва

Виткоф, долгогодишен пријател на Трамп, е исто така водечки фактор во напорите на новата американска влада за прекин на војната во Газа. Се очекува, тој денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американски претставник, кој го потврди неговото пристигнување во Русија.

Посетата на Виткоф на Москва доаѓа откако Украина завчера се согласи да го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија. Вашингтон се надева дека и Кремљ наскоро ќе го прифати предлогот, јавуваат светските агенции.

Виткоф, кој задутре ќе наполни 68 години, е водечка фигура во преговорите за решавање на конфликтите во Газа и Украина и има овластувања, кои не бараат одобрение од Сенатот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk