logo
logo
logo

Стефанишина: Украина очекува промени во договорот за минерали, предложен од САД

Vecer | 10.04.2025

Стефанишина: Украина очекува промени во договорот за минерали, предложен од САД

Таа додаде дека текстот треба да се смени за да не влијае на претходно преземените обврски на Киев.

Според неа, оваа состојба на Киев не подлежи на преговори.

Стефанишина истакна дека разговорите со САД во моментов се на техничко ниво.

Украинскиот премиер Денис Шмигал на синоќешната прес-конференција посочи дека неговата земја се стреми кон заемно корисен договор, со еднакви услови за двете страни.

Тој истакна дека содржината на овој договор е ограничена со украинскиот устав и обврските на Киев кон ЕУ.

Договорот првично беше планирано да биде потпишан за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk