logo
logo
logo

Стотици мигранти тргнаа пеш кон САД од Мексико за да стигнат пред изборите

Vecer | 22.07.2024

Стотици мигранти тргнаа пеш кон САД од Мексико за да стигнат пред изборите

Според агенцијата, мигрантите стравуваат дека републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп ќе ги затвори границите за барателите на азил доколку победи на изборите на 5 ноември.

„Ние ризикуваме да имаме блокирани дозволи за преминување на границата“, рече еден од мигрантите од Салвадор, Мигел Салазар, додавајќи дека постои загриженост дека евентуалната нова администрација на Трамп би можела да престане да одобрува состаноци меѓу административните работници и мигрантите преку апликацијата CBP One , која што барателите на азил ја користат за легален влез во САД.

Стотици мигранти тргнале од јужниот мексикански град Сиудад Идалго во близина на границата со Гватемала, а многумина велат дека чекаат со недели да добијат дозволи за патување до северно Мексико и границата со САД.

Мигрантите кои се обидуваат да преминат низ Мексико патуваат во големи групи во последниве години за да го намалат ризикот да бидат нападнати од локални банди или да бидат запрени од мексиканските власти, но караваните со мигранти имаат тенденција да се растураат во јужниот дел на Мексико бидејќи луѓето се уморуваат од пешачење стотици километри.

АП објави дека државата Мексико ретко издавала дозволи за патување на мигрантите кои влегуваат во земјата без визи, и дека службениците за имиграција запреле илјадници мигранти на контролните пунктови во центарот и северот на Мексико, враќајќи ги со автобуси во градовите на југот на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk