logo
logo
logo

Стотици сообраќајни несреќи и двајца загинати во Германија поради ниските температури и мразот

Vecer | 15.01.2025

Стотици сообраќајни несреќи и двајца загинати во Германија поради ниските температури и мразот

Несреќи со фатални последици се случиле на автопатиштата во Баварија главно поради несоодветна брзина. Во северна Баварија автобус излетал од патот при што биле повредени седум патници.

Само на северот на сојузната покраина Баден-Виртемберг, поради мразот се забележани над 260 сообраќајни несреќи. Слично е и во северна Баварија. „Ова се временски услови кои не простуваат грешки при возење“, велат од полицијата во Ален.

Замрзнат дожд и мраз предизвикаа проблеми и во воздушниот сообраќај. Аеродромот во Штутгарт беше делумно затворен за сообраќај, а авионите беа пренасочени кон други аеродроми.

Во текот на утрото, поради голомразица, бројни сообраќајни несреќи се забележани и во други делови на Германија, како Саксонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk