logo
logo
logo

Татко и син изгореа во нелегална трка на автомобили во Германија- излетале со 200 км/час

Vecer | 25.07.2024

Татко и син изгореа во нелегална трка на автомобили во Германија- излетале со 200 км/час

Се сомнева дека учествувале во нелегална трка со возила кога се случила несреќата.

Страшната сообраќајка се случила вчера вечерта околу 20 часот и 15 минути, кога автомобилот „порше 911 ГТ3“ со голема брзина се движел по автопат.

На раскрсницата Дортмунд-Уна, возачот (52) се сомничи дека изгубил контрола над спортскиот автомобил вреден 200.000 евра, по што луксузниот автомобил се лизнал неколку стотини метри по тревата и завршил во шума.

Автомобилот веднаш се запалил, а двајцата немале никакви шанси.

Тие починале на лице место во автомобилот, а телата биле толку осакатени што полицијата се уште не можела да го утврди нивниот идентитет, пишува Билд.

Полицијата сега истражува како дошло до несреќата и зошто возачот изгубил контрола над возилото.

„Постои сомневање дека се работи за нелегална трка со возила“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата.

Според информациите на Билд, се сомнева дека возачот налетал на излезот со брзина поголема од 200 км/ч, најверојатно лизгајќи се на нерамнина на патот со своето Порше.

Патеките на гумите се протегаат во должина од 250 метри. Ограничувањето на брзината во овој дел е 120 km/h.

Полицијата користела дронови и 3Д скенер за да ја сними несреќата. Патот бил привремено затворен до раните утрински часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk