logo
logo
logo

Техеран ги предупреди Заливските земји: Ако му помогнете на Израел, ќе следува наша реакција

Vecer | 10.10.2024

Техеран ги предупреди Заливските земји: Ако му помогнете на Израел, ќе следува наша реакција

Оваа вест, како што јави Simpe Flying, прва ја пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на ирански официјални лица кои рекле дека би било „неприфатливо“ воздушниот простор на земјите од Персискиот Залив да се користи за напад врз Иран од страна на Израел или неговите сојузници. .

Да потсетиме, Иран на 1 октомври изврши масовен ракетен напад врз Израел, при што беа истрелани 181 ракета. Неколку проектили поминаа низ израелскиот систем за противвоздушна одбрана и погодија неколку воени бази, иако официјален Ерусалим тврди дека „не е причинета значителна материјална штета“, а медиумите објавуваат и фотографии од остатоци од ракети.

Во услови на зголемена загриженост за можна израелска одмазда, Иран ги предупреди земјите од Персискиот залив дека доколку му пружат „секаква помош на Израел“ - како на пример да дозволат нивниот воздушен простор или воените бази да се користат како полигон - иранските сили ќе одговорат.

За време на иранскиот напад во април, борбени авиони на јорданските вооружени сили учествуваа во пресретнувањето на некои ракети, иако неодамнешните израелски напади на либанска територија ги заострија односите меѓу двете земји. Другите земји од Персискиот залив, вклучувајќи ги Бахреин, Кувајт и Катар, се домаќини на воени бази управувани од САД, клучен израелски сојузник и потенцијално место за напади врз Иран. Доколку Израел изврши напад, се очекува првенствено да ги таргетира воените постројки во Иран, но исто така може да се обиде да ги оневозможи нафтените капацитети на Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абаз Аракчи, отпатува во Саудиска Арабија на разговори со официјални претставници од другите земји од Заливот, нагласувајќи ја важноста на „регионалното единство“ против Израел. Техеран, исто така, разговараше со претставниците на Заливот на маргините на конференцијата во Доха, Катар, минатата недела, информирајќи ги дека Иран, во најмала рака, очекува неговите регионални соседи да останат неутрални во секој конфликт.

САД го зголемија своето воено присуство во регионот во изминатите неколку недели. Ова вклучува распоредување на нови ударни групи на носачи на авиони и подобрување на борбените способности на борбени авиони на Блискиот Исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk