"Тој ја поддржува Камала. Тоа многу ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржува Камала. Не, тој е шахист", им рекол Трамп на приврзаниците на митингот во американската сојузна држава Висконсин, објави порталот "Американ Хил". Поранешниот американски претседател изјави и дека Путин со насмевка ѝ изразил поддршка на Харис.
„Дали треба да бидам вознемирен поради ова? Не?“, рече Трамп.
Тој уште еднаш изрази уверување дека украинскиот конфликт немаше да се случи доколку тој бил претседател на САД.
Говорејќи на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток на 5 септември, Путин истакна дека Камала Харис има „заразна смеа“, наведувајќи го ова како причина за поддршката на Русија за неа, а не за нејзиниот републикански противник Трамп.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата