„Со малку повеќе време, лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема придобивка за светот???“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас обично се транспортира преку Ормуската Теснина.
Меѓутоа, од почетокот на војната со Иран, на крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ морскиот премин е претежно запрен, а блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата.
Во моментов, само неколку бродови минуваат низ преминот секој ден, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија.
Според податоците на компанијата за анализа на бродскиот сообраќај „Кплер“, од почетокот на март низ мореузот поминале 225 товарни бродови, што е за 93 проценти помалку во споредба со периодот пред војната.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата