Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, познат по своите бомбастични изјави, преку социјалните мрежи испрати заканувачки пораки, најавувајќи гонење на сите оние кои биле „вмешани во кражбата на изборите“ пред четири години.
- Кога ќе победам, тие луѓе кои ги украдоа изборите ќе бидат кривично гонети, што ќе вклучува долги затворски казни за да не се повтори ова изопачување на правдата. Да се знае дека оваа правна перверзија се протега на адвокати, политички оперативци, донатори, нелегални гласачи и корумпирани изборни службеници. Оние кои се вмешани ќе бидат барани, фатени и кривично гонети на нивоа досега невидени во нашата земја – напиша Трамп на својата социјална мрежа True Social, а потоа истата порака многумина ја пренесоа на X (поранешен Твитер).
Трамп посочи дека овие луѓе ќе се соочат со долги затворски казни со цел да се спречи „изопачување на правдата“ во иднина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата