logo
logo
logo

Трамп побарал од апелацискиот суд во Њујорк да му ја поништи пресудата за казна од 454 милиони

Vecer | 23.07.2024

Трамп побарал од апелацискиот суд во Њујорк да му ја поништи пресудата за казна од 454 милиони

Адвокатите на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на следните ноемвриски избори, побараа од апелациониот суд во Њујорк да ја укине казната од 454 милиони долари во неговата граѓанска тужба кога тој беше прогласен за виновен за измама.

Адвокатите на Трамп, како што пренесува Си-Ен-Ен, тврдат дека казната е противуставна и дека голем дел од случајот е застарен. Дополнително, тие истакнаа дека ниту една банка или друга страна не изгубила пари од кредитите тврдејќи дека судијата погрешил при донесувањето на пресудата.

Ова е последен обид на поранешниот шеф на Белата куќа да ја поништи пресудата донесена во февруари од судијата Артур Енгорон, кој покрај републиканскиот кандидат ги осуди и неговите двајца постари синови Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп за измама. Станува збор за случај поврзан со недвижен имот за кој Трамп и неговите синови покажале многу повисока цена за да земат поголеми заеми со поповолни услови.

Канцеларијата на јавниот обвинител во Њујорк ќе ги поднесе своите контрааргументи следниот месец, а апелациониот суд би можел да го преземе случајот уште во септември.

„Казната од 454 милиони долари во случај без жртви, без докажани повреди и загуби не е од далечина реална“, напишаа адвокатите на Трамп.

Дополнителни десет милиони долари се однесуваат на другите обвинети во случајот. Адвокатите на Трамп рекоа дека судијата Енгорон згрешил кога одбил да отфрли голем дел од случајот, откако апелациониот суд минатата година пред граѓанското судење пресуди дека одредено однесување е надвор од статутот на застареност. Според нив, обвинението против Трамп требало да биде отфрлено. Ако се примени статутот на застареност, тврдат тие, околу 350 милиони долари од пресудата ќе бидат избришани.

Државниот апелационен суд претходно ја отфрли Иванка Трамп како сообвинет пред судењето минатата година, откривајќи дека таа не била вработена во Организацијата Трамп во времето на договорот. Адвокатите на Трамп тврдеа дека единствените барања во жалбата на државниот обвинител што биле навремени се заемите за зградата на Старата пошта во Вашингтон и зградата 40 на Вол Стрит на Менхетен.

Енгорон пред судењето пресуди дека дури и ако заемите биле затворени пред статутот на застареност во 2014 година, лажните финансиски извештаи кои подоцна биле издадени претставуваат посебни дела на измама. Судијата напиша во пресудата во тоа време дека њујоршката обвинителка Летиција Џејмс не ги „предизвикала заемите, затворањата или исплатите“, туку ги оспорил финансиските документи кои содржеле лажни и погрешни информации.

Адвокатите на Трамп тврдеа дека судијата Енгорон погрешно му наредил да плати премногу за враќање на незаконски стекнатите добивки за продажба на Старата пошта и теренот за голф. Судот не зел предвид ниту една инвестиција на компанијата Трамп во имотот кога ѝ наредила на организацијата Трамп да го врати целиот износ на приход наместо да ја пресмета нивната нето добивка.

Потсетуваме дека против Трамп се водеа или се во тек повеќе судски постапки. Откако Врховниот суд на САД пресуди дека тој имал делумен имунитет од гонење кога бил на функцијата, судот го отфрли случајот во врска со задржувањето на доверливите документи кои биле пронајдени на неговиот имот во Флорида.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk