Исклучок останува Кина каде Трамп ги зголеми на 125 проценти, поради како што кажа, реципрочниот одговор на официјален Пекинг. Ненадејниот пресврт на Трамп, ги вивна акциите на светските берзи. По вчерашниот пад, дел од американските и европските регистрираа највисоко ниво по речиси две децении. Прашан зошто ја променил одлуката, американскиот претседател одговори дека тоа било поради општиот страв во јавноста.
-Зошто се одлучивте да ставите 90-дневна пауза на царините? / Па, помислив дека луѓето скокаа повеќе од потребото. Стануваа возбудени, беа малку возбудени, малку исплашени. / Некој мораше да го направи тоа што го направивме и дадов 90 дневна пауза за тие кои не возвратија (на царините) бидејќи им кажав дека ако возвратат, ќе вратиме двојно и тоа го направив со Кина затоа што тие возвратија. Ќе видиме како ќе се одвива се. Мислам дека ќе се одвива неверојатно - Доналд Трамп – Претседател на САД.
Но, Пекинг нема намера да попушти, откако денеска стапија на сила кинеските контра царини од 84 % на американскиот увоз. Кинеските власти предупредија дека притисок и уцени не се вистински начин да се комуницира со нив, користејќи и воинствена реторика. Повеќе поранешни и актуелни функционери на социјалните мрежи споделуваат видео од Мао Це Тунг од корејската војна каде повикува на борба до крај.
-Вратата за дијалог е отворена, но тоа мора да биде врз основа на меѓусебна почит и на еднакво ниво. Доколку САД одлучи да се влезе во судир, Кина ќе се бори до крај. Притисок, закани и уцени не се вистински начин да се комуницира со Кина,- - Хе Јонгкјан – Портпаролка на министерство за трговија на Кина.
За разлика од Кина, Европската Унија по урнекот на Трамп ги стави на пауза нивните контра царини од 25 проценти во наредните три месеци, кои требаа да стапат на сила следната недела.
-Сакаме да разговараме, цениме што ја донесовте оваа пауза на т.н. реципрочни царини и ние за возврат сега ги паузираме нашите предложени контра-мерки. / Подготвени сме да постигнеме договори, ајде да разговараме. - Олоф Гил – Портпарол на ЕК.
Со изненадувачката одлука на Трамп на пауза се ставени реципрочните царини кои достигнуваа и до 50 %, а во кои Македонија беше опфатена со 33 проценти. Сега речиси земји, освен Кина, имаат фиксна стапка од 10 проценти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата