Претходно на социјалните мрежи се појави видео од Трамп како вози количка за голф, а потоа застана покрај црна тинејџерка со бујни локни и изрази восхит од нејзината коса.
„Ми се допаѓа оваа девојка. Ми се допаѓа нејзината коса. Ја сакам нејзината коса. Ќе ти ја купам косата, ќе ти платам милиони“, рекол Трамп.
После тоа, тој ја поканил девојката малку да седне до него во количката за голф, разменил неколку зборови со неа, се фотографирал, а потоа си заминал сам, пренесува британски Телеграф.
President Donald J Trump playing golf yesterday at Trump International Golf Club Palm Beach!! THE GREATEST! TRUMP-VANCE 2024! #MAGA #donaldtrump #trump2024 #trumpgolf #whitehouse @realdonaldtrump @teamtrump @trumpgolfpalmbeach @trumpgolf @whitehouse45 📸: @mashawbird… pic.twitter.com/mSpNvlkUWu
— Michael Solakiewicz (@michaelsolakie) November 25, 2024
Британскиот весник наведува дека косата на Трамп, „како и многу други работи“ била предмет на некои контроверзии.
Мајкл Волф, автор на книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“, рече дека портокалово-русата коса на новоизбраниот претседател е оригинална, но дека Трамп направил „хирургија за намалување на скалпот“.
Тоа е болна процедура која вклучува повлекување на делови од скалпот со влакна и елиминирање на ќелавата точка.
Неодамнешниот биографски филм на Трамп „The Apprentice“ содржи сцена која ја прикажува оваа постапка.
Деталите од постапката прва ги откри поранешната сопруга на Трамп, Ивана, за време на бракоразводната постапка.
Според книгата на Хари Херт III, „Изгубениот магнат“, Трамп не бил задоволен од резултатите од операцијата.
Се вели дека Трамп имал повеќе процедури од тогаш, трошејќи, според познатиот пластичен хирург Гери Мотики, 160.000 долари за одржување на косата.
Пластичниот хирург од Њујорк, Гери Линкоу, исто така сугерира дека политичарот можеби имал најмалку пет трансплантации на коса.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата