logo
logo
logo

Трамп вчера: Воведувам тарифи на Индија поради руската нафта/ Индија денес: Ги паузираме купувањата

Vecer | 07.08.2025

Трамп вчера: Воведувам тарифи на Индија поради руската нафта/ Индија денес: Ги паузираме купувањата

Според Блумберг, Индиската нафтена корпорација, Барат петролеум и Хиндустан петролеум одлучија да го прескокнат следниот круг купувања на руска сирова нафта и чекаат понатамошни инструкции од индиската влада.

Одлуката доаѓа само еден ден откако Трамп објави строги тарифи против Индија, казнувајќи ја за продолжување на увозот на руска нафта и покрај обидите на Западот да ја изолира Москва. Њу Делхи вчера ја опиша одлуката на Белата куќа како „неправедна“, но Трамп не покажа знаци на попуштање.

Можни нарушувања на светскиот пазар на нафта

Доколку Индија, еден од најголемите увозници во светот, навистина ги намали купувањата од Русија, тоа би можело да предизвика трка за алтернативни извори, првенствено на Блискиот Исток, Африка и САД.

Индискиот нафтен сектор сега чека сигнал од владата дали и како да продолжи да купува од Русија во услови на можни секундарни санкции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk