logo
logo
logo

Трамп за разговорот со Зеленски во Ватикан

Vecer | 01.05.2025

Трамп за разговорот со Зеленски во Ватикан

Како што пренесуваат медиумите, за време на неодамнешната средба во Ватикан, американскиот претседател го повикал Зеленски да го прифати договорот за минерални суровини со САД, наведувајќи ја како причина силата и големината на Русија.

„Му реков (Зеленски) дека би било многу добро ако потпишеме договор. Затоа што Русија е многу поголема и посилна“, изјави Трамп за телевизијата „Њуз нација“.

Зеленски ги искористи 15-те минути со Доналд Трамп на погребот на папата Франциско за да се обиде да го убеди да заземе построг став кон Владимир Путин и повторно да се фокусира на прекинот на огнот, дознава известувачот на Аксиос Барак Равид од два извори запознаени со средбата.

Во Киев сметаат дека разговорот бил поуспешен и затоа што овојпат не биле присутни потпретседателот Џеј-Ди Венс и пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, кого Украинците го сметаат за проруски. Зеленски му рекол на Трамп дека Путин „нема да попушти без дополнителен притисок“ и го повика да се врати на неговиот претходен предлог за безусловен прекин на огнот.

Украина претходно го прифати овој предлог, додека Москва го отфрли.

Кабинетот на претседателот Зеленски одби да ги коментира деталите. Зеленски повтори дека Украина никогаш нема да го признае Крим како руска територија, а Трамп, според истите извори, јасно му рекол дека тоа не го бара од него. Планот сега на маса се однесува на американското признавање на Крим како руска територија, а не како украинска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk