logo
logo
logo

Уапсен e мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме (ВИДЕО)

Vecer | 09.03.2025

Уапсен e мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме (ВИДЕО)

Тој вееше палестинско знаме и извикуваше „слобода за Палестина“, пренесоа британските медиуми.

- Соработувавме со други агенции, вклучително и лондонската противпожарна бригада, и распоредивме специјални полицајци за да го завршиме овој инцидент што поскоро, притоа минимизирајќи го ризикот по живот, рече портпаролот на полицијата.

Екипата за итни случаи се качи со помош на кран за да преговара со човекот.

На снимката што ја објавија британските медиуми, преговарачите на платформата изразуваат загриженост за повредата на неговите стапала, велејќи дека има „прилично многу крв“ и дека неговата облека не била доволно топла по заоѓањето на сонцето.

Но, мажот тврдеше дека е безбеден, истакнувајќи дека ќе се симне „по свои услови“.

Службите за итни случаи го затворија Вестминстерскиот мост поради инцидентот, а посетите на Парламентот беа откажани, јави Скај Њуз. Сите улици се повторно отворени откако мажот беше уапсен, додаде полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk