logo
logo
logo

Украина го извршила првиот напад врз севернокорејски војници во областа Курск

Vecer | 04.11.2024

Украина го извршила првиот напад врз севернокорејски војници во областа Курск

Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да и помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави началникот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм.

- Првите припадници на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск, напиша Коваленко без да даде други детали.

Американскиот Стејт департмент потврди дека Северна Кореја испратила околу 10.000 воен персонал во Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk