logo
logo
logo

УНДП: Економијата во Газа назадува до ниво од пред 70 години

Vecer | 22.10.2024

УНДП: Економијата во Газа назадува до ниво од пред 70 години

Војната во Појасот Газа ја уништи палестинската економија, која сега е 35 проценти помала отколку што беше на почетокот на израелската инвазија пред една година, додека нивото на развој во самата Газа падна на ниво на средината на минатиот век, соопшти агенцијата за развој на ОН.

Започнувајќи нова студија за социо-економските влијанија на војната, за која палестинските власти велат дека однела повеќе од 42.500 животи, Читосе Ногучи од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) рече дека според некои мерки нивото на сиромаштија во регионот сега се приближува до 100 проценти, со невработеност од 80 проценти.

„Државата Палестина доживува невидени нивоа на неуспех“, рече Ногучи.

Како што нагласи таа, Газа се уназадила за околу 70 години на нивото од 1955 година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk