logo
logo
logo

Унгарија спремна ДА ВЛОЖИ ВО ЕВРОПСКАТА ОДБРАНА

Vecer | 14.03.2025

Унгарија спремна ДА ВЛОЖИ ВО ЕВРОПСКАТА ОДБРАНА

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата е подготвена да учествува во финансирањето на заедничката европска одбранбена политика, но се противи на задолжување од ЕУ за таа цел.

Ова прашање може да биде клучна тема на самитот на лидерите на ЕУ следната недела, каде се очекуваат „тешки“ преговори, изјави Орбан за државното радио, пренесе Блумберг.

Пратениците од партијата на Орбан вметнаа одредба во уставот со која е потребно двотретинско мнозинство во парламентот за да се одобри заедничкото финансирање од ЕУ.

Орбан најави дека ќе ги повика пратениците да гласаат против предлогот на седницата што ќе биде закажана пред почетокот на самитот на ЕУ на 20 март.

Дипломатската служба на ЕУ во вторникот предложи земјите-членки на блокот да обезбедат до 40 милијарди евра воена помош за Украина оваа година, според документот што го видел Ројтерс.

 Како што е наведено, секоја земја-членка на ЕУ која учествува во донации треба да придонесе „во согласност со своите економски можности“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk